Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САД ја вратија Русија на Г20 – Европа негодува

    САД ја вратија Русија на Г20 – Европа негодува

    01.09.2026 во 09:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европски министри за финансии и други функционери изразија незадоволство поради учеството на Русија на финансискиот состанок на Г20 во САД, оценувајќи дека не може да има нормализација на односите со Москва додека трае војната во Украина.

    Рускиот министер за финансии Антон Силуанов присуствуваше на состанокот во Ешвил, Северна Каролина, заедно со претставници на руската централна банка. На маргините од состанокот тој разговарал со американскиот секретар за финансии Скот Бесант за финансиската соработка меѓу Русија и САД и за интеракцијата во рамките на Г20.

    Германскиот министер за финансии Ларс Клингбеил оцени дека сигналот испратен со пречекот на рускиот министер е загрижувачки и порача дека Европа подготвува нов пакет санкции против Русија.

    Европските министри и централни банкари се спротивставиле и на учеството на Силуанов на заедничката фотографија на учесниците, по што било одлучено таа да биде направена без рускиот министер.

    Клингбеил рече дека самото враќање на Силуанов на состанок на Г20 по неколку претходни отсуства може да се толкува како обид за нормализација на односите со Москва и нагласи дека европските земји ќе се спротивстават на таквиот пристап.

    САД, како домаќин на состанокот, го составиле списокот на поканети. На состанокот не биле поканети Јужна Африка, која минатата година беше домаќин на Г20, ниту Шпанија.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.