Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет денеска за време на ненајавената посета на Каракас, објави нов договор за воена соработка со Венецуела, кој вклучува заедничка обука и размена на разузнавачки податоци.
Хегсет изнесе малку детали за договорот, но рече дека тој опфаќа заедничка воена обука, размена на разузнавачки податоци и други облици на воена соработка меѓу двете земји.
-Се надеваме дека ќе го спроведеме договорот на дело и дополнително ќе ја продлабочиме нашата одбранбена соработка и партнерство, користејќи ја стручноста на американските вооружени сили и Министерството за војна – рече Хегсет во изјавата што ја пренесе венецуелската државна телевизија.
Ова е прва посета на Хегсет на Венецуела откако американските специјални сили во јануари го соборија и заробија тогашниот претседател Николас Мадуро. Хегсет воедно е највисокиот американски функционер кој ја посетил Венецуела по таа операција.
На Мадуро и на неговата сопруга во моментов им се суди во САД

