Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САД го скратија мировниот план за Украина: Од 28 на 19 точки

    САД го скратија мировниот план за Украина: Од 28 на 19 точки

    24.11.2025 во 17:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот мировен предлог за завршување на војната во Украина е скратен од првичните 28 на 19 точки, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори запознаени со процесот. Изворите не откриле кои делови од планот се исфрлени.

    По вчерашната средба меѓу американската и украинската делегација во Женева, двете страни соопштија дека е постигнат напредок во обидите да се приближат ставовите меѓу Киев и Москва, но не соопштија конкретни детали за решавање на клучните несогласувања.

    Американскиот државен секретар Марко Рубио, по еднодневните разговори со украинските и европските претставници, изјави дека е постигнат „огромен напредок“. За процесот се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп, кој денеска даде краток коментар за преговорите.

    „Дали е навистина можно да се постигне голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина??? Не верувајте додека не го видите, но можеби се случува нешто добро“, напиша тој на својата социјална мрежа Truth Social.

    Дел од европските лидери претходно изразија загриженост за поединечни сегменти од планот, особено во делот што се однесува на санкциите кон Москва и замрзнатите руски суверени средства — прашања за кои, како што нагласуваат, одлуката треба да биде на ЕУ.

    Лидерите на ЕУ денеска расправаа за исходот од женевската средба и за можните следни чекори, потврдија официјални претставници вклучени во подготовките.

    Како што изјави Рубио, конечниот текст на договорот ќе треба да биде одобрен од украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, пред документот да биде доставен до Москва.

    Прочитај повеќе

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30

    Трагедија во Солун: 23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан

    07.07.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.