Руско МНР: Нападот врз руските сили во Придњестровје ќе го сметаме за напад врз Русија

 

Москва денеска ги предупреди Украина и нејзините западни сојузници дека нападот врз руските војници во отцепениот молдависки проруски регион Придњестровје ќе го смета за напад врз самата Русија и дека ќе следи „адекватен одговор “.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека „ги предупредува САД, земјите од НАТО и нивните украински посредници да не преземаат понатамошни авантуристички чекори“.

Реакцијата следи откако руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека Украина планира „провокација“ во Придњестровје, каде Русија чува околу 1.500 војници откако регионот поддржан од Москва еднострано прогласи независност за време на граѓанската војна во 1992 година.

Повикувајќи се на разузнавачки информации, но без да презентира никакви докази, руската армија изјави дека украинските војници, маскирани како Руси, планираат да спроведат операција со која Русија ќе ја обвини за инвазија на Украина од Придњестровје. Според тврдењата на руската армија, Киев би го искористил ова како изговор за да го нападне Придњестровје.

Молдавиското Министерство за одбрана соопшти дека нема „директни закани“ за безбедноста на земјата и ги повика граѓаните да останат смирени, наведувајќи дека соработува со другите власти „за да се спречи секој обид за дестабилизација“. 

24.02.2023 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега