Претседателката на Антикорупциска со полициска придружба изведена пред судија - била на распит и во ОЈОГОКК

 

Актуелната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во текот на денот со полициска придружба е изведена пред судија на претходна постапка откако претходно била на распит во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК).

Оваа информација официјално ја потврдуваат од ОЈОГОКК, но без премногу детали. Станува збор за предметот Адитив. Во рамки на овој предмет донесена е Наредба за проведување на истрага за уште три лица, но од Организиран криминал и корупција велат дека дури утре ќе дадат детали за делата кои им се ставаат на товар. Засега е нејасно дали таа има статус на осомничена, но според информации од Кривичниот суд, за Димитровска се бараат мерки на претпазливост.

Предметот Адитив произлезе од новинарско истражување. Станува збор за случај во кој постојат сомненија за финансиски криминал преку набавка на адитиви за потребите на РЕК Битола.

Димитровска на функцијата претседателка на ДКСК дојде во февруари 2024 година. Претходно, таа работела во Државниот завод за ревизија.

24.04.2025 - 16:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега