Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Газда Деко нуди имот од 200.000 евра како гаранција за укинување на притворот
    • Уште една трагедија во Грција: Туристка почина на плажа во Ханиоти
    • Трагедија во Грција: Маж почина по расправија за лежалка за плажа
    • Инспекција во Центар: Казни од по 1.300 евра
    • Трагедија во Македонија: Мртов маж пронајден на Шар Планина
    • Нови проекти во Крушево: Од инфраструктура до туризам и спорт
    • „Феникс“ 2026: Општина Центар бара предлози за најзаслужните
    • Млад Македонец загина во Италија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

    Русија ќе ги смета за легитимни цели сите странски воени контингенти во Украина

    11.12.2025 во 18:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Русија ќе ги смета сите странски контингенти во Украина за легитимни цели, објави денеска руското Министерство за надворешни работи во врска со смртта на британски војник во Украина.

    -Околу стотина британски војници учествуваат во борбени операции против Русија во зоната на специјални воени операции. По смртта на еден од нив, британската Влада повеќе не може да ја крие, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, пренесен од руските медиуми.

    Првиот руски дипломат изјави дека Москва ќе ги извлече сите потребни заклучоци од, како што вели, „оваа најнова манифестација на вистинската природа на британскиот режим“.

    -Сега сме принудени да го признаеме директното учество на британски воен персонал и специјални сили во војната против Русија. Откако еден од нив беше убиен, британската Влада повеќе не можеше да ги крие овие околности. Беше наведено дека меѓу оние што се борат против Руската Федерација има најмалку 100 британски државјани, рече Лавров за време на тркалезна маса за украинското решение.

    Британското Министерство за одбрана пред два дена соопшти за смртта на британски војник во Украина додека набљудувал тестирање на оружје од страна на украинските вооружени сили.

    Весникот „Сан“, повикувајќи се на извори, објави дека во несреќата со воздушната одбрана на Украина, покрај британскиот војник, загинбале и најмалку четворица украински војници.

    Според весникот, починатиот британски војник служел во групата за поддршка на британските специјални сили и го тестирал системот за воздушна одбрана во Украина.

    Прочитај повеќе

    Уште една трагедија во Грција: Туристка почина на плажа во Ханиоти

    21.09.2026 во 10:02

    Трагедија во Грција: Маж почина по расправија за лежалка за плажа

    21.09.2026 во 09:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.