Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ристески: Два јавни повици на Министерството за економија и труд за македонските производни компании

    Ристески: Два јавни повици на Министерството за економија и труд за македонските производни компании

    13.09.2026 во 15:073 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    До вторник, 15 септември е последниот рок за двата повици на Министерството за економија и труд на кои компаниите може да се пријават и да добијат субвенции за да ги подобрат квалитетот на работењето и конкуретноста на фирмите, посебно на производните капацитети. Од едниот, компаниите може да добијат до 500 000 денари, а од другиот до 200 000 денари. Трошоците во 70 проценти ги покрива Министерството.

    -Едниот јавен повик се однесува на продлабочување на односот помеѓу производствените капацитети и универзитетите со што се овозможува подобрување на технологијата и технолошките процеси во фирмите за одредени иновативни методи во воведувањето на циркуларната економија, дигитализацијата, паметната специјализација. Овој повик е во вредност од 5 милиони денари, конкурсот трае до понеделник, 15 септември. Може да учествуваат сите преработувачки капацитети заедно со универзитетите и вредноста која би ја добиле е до 500 000 денари, а 70 проценти од трошоците ги покрива министерството за економија и труд. Вториот јавен повик, исто така, се однесува на домашните компании со цел имплементирање и стандардизирање на општествените процеси и подобрување на конкурентноста на компаниите. И овој повик трае до понеделник, 15 септември. Вкупната вредност е 2 милиона денари. Компаниите најмногу може да добијат до 200 000 денари, аминистерството за економија и труд покрива 70 проценти од трошоците во тековната година, објаснува Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

    Преку овие два повици се овозможувааат многу иновативни методи во компаниите: подобрување на нивната конкурентност на домашниот и на странскиот пазар, поврзување со странски компании, а сето тоа резултира и на подобрување на економијата и на целокупнат економска состојба во Македонија.

    -Интересот е голем, бидејќи секоја компанија сака да го унапредува своето производство, да го зголемува својот квалитет, да воведува европски стандарди во работењето, дигитализација, паметна специјализација. Тоа многу значи за развојот на компаниите, а тоа индиректно значи, не само подобрување на економската состојба, туку и нови капацитети, отворање на нови работни места, што е приоритет на Владата и на министерството за економија и труд, вели Ристески.

    Според Ристески, преку вакви позитивни мерки денес имаме зголемување на индустриското производство, зголемување на инвестициите во домашните компании, нови инвестиции, нови капацитети во постојните компании, зголемување на странските инвестиции.

    -Сето тоа резултира со подобрување на БДП, на отворање нови работни места, а индиректно влијае на подобрување на животниот стандард, смета заеменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

    Владата има и ќе креира мерки за поддршка на процесот на циркуларна економија. Неодамна во прилепската индустриска зона беше отворен нов погон со 300 вработени на компанијата „Вик“ кој фунцкионира врз принципите на циркуларната економија и е меѓу првите во Пелагонискиот регион.

    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период

    06.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.