Ријана ја откри втората бременост на полувремето на „Супербоул“

Ријана откри дека е бремена по вторпат, за време на нејзиниот многу очекуван настап на полувремето на „Супербоул“ финалето во американско рагби годинава. Веста за приновата ја потврди и нејзиниот претставник за јавноста.

Пејачката од Барбадос избра настап без специјални гости на стадионот „Стејт фарм“ во Глендејл, Аризона, САД. Таа го почна настапот во живо - прв по седум години, на цена високо издигнаата над стадионот, облечена целосно во црвено.

Обожавателите беа почестени со избор од нејзините хитови, вклучително и „Bitch Better Have My Money“, „We Found Love“, „Only Girl in the World“, „Rude Boy“, „Work“, „Wild Thoughts“, меѓу коишто и две песни што таа ги сними со контроверзниот рапер Кање Вест, обвинуван за јавно искажани предрасуди општествено неприфатливи ставови и мислења.

Притоа имаше тн. „лајтшоу“ и огномет, а пејачката cе преоблече во долга црвена наметкап за да заврши со хитовите „Umbrella“ и „Diamonds“.

Познати лица беа забележани меѓу публиката на стадионот со 63.000 седишта, меѓу кои и Џеј Зи, Флојд Мејведер, Адел и сер Пол Макартни.

Зборувајќи пред спектаклот, Ријана рече дека има „нешто возбудливо“ во предизвикот на изведбата и по раѓањето на нејзиниот син се чувствува како да може „да го преземе светот“.

- Кога ќе станеш мајка, се случува нешто каде што се чувствувате како да можете да се соочите со светот. Може да направите сè, а „Супербоулот“ е една од најголемите сцени во светот. Колку и да беше страшно - бидејќи не сум била на сцена седум години, има нешто возбудливо во предизвикот на сето тоа. И за мене е важно да го направам ова. Оваа година е важна за мое претставување и важно е мојот син да го види тоа, образложи пејачката.

Ријана го дочека своето прво дете - момче, со партнерот АСАП Роки во мај. 

13.02.2023 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега