Close Menu
    Најново

    Употребил фалсификувана диплома: Кривична пријава за кумановец вработен во јавно претпријатие

    18.11.2025 во 14:01

    Падна Cloudflare, голем број популарни услуги и мрежи не работат

    18.11.2025 во 13:57

    Загрижен татко од Скопје се јавил во полиција: Мојот 15-годишен син е нападнат од пет лица со нож

    18.11.2025 во 13:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Употребил фалсификувана диплома: Кривична пријава за кумановец вработен во јавно претпријатие
    • Падна Cloudflare, голем број популарни услуги и мрежи не работат
    • Загрижен татко од Скопје се јавил во полиција: Мојот 15-годишен син е нападнат од пет лица со нож
    • Измама за македонско државјанство: 25-годишна жена оштетена за околу 5.000 евра
    • Пукање во Скопје: 28-годишник едвај успеал да спаси жива глава
    • Разбојништво во скопско Љубанци: Го пресретнале, го удриле со пиштол по главата и го ограбиле
    • Кавадарчанка во подрумот нашла 55 неексплодирани детонатори
    • Почна откупот на тутунот: Тутунарите бараат 600 денари за прва класа
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » „Реплек“ на најпрестижниот саем за фармација CPHI – потврда за конкурентноста,квалитетот и интернационалниот потенцијал

    „Реплек“ на најпрестижниот саем за фармација CPHI – потврда за конкурентноста,квалитетот и интернационалниот потенцијал

    28.10.2025 во 16:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Портфолиото на фармацевтската компанија „Реплек“ и оваа година предизвикува голем интерес на CPHI саемот за фармација, кој од 28-ми до 30-ти октомври се одржува во Франкфурт, Германија, под мотото „Ја обликуваме иднината на фармацијата“. CPHI саемот е собир на глобалните лидери во фармацијата и во неговите рамки се презентираат иновациите во индустријата. „Реплек“ го презентира своето производно портфолио – фармацевтски производи и козметика, а значително внимание предизвикуваат производите на компанијата на база на канабис, за кои интересот континуирано расте.


    Во рамките на саемот, менаџментот на компанијата остварува бројни средби за проширување на
    соработката и освојување на нови пазари и понатамошно унапредување на позициите кои се градени 80 години, јубилеј кој годинава го одбележува компанијата.

    „‚Реплек’ континуирано вложува во дигитализација, иновации, лансирање на нови производи, како и во проширување на пласманите. Наша стратешка цел е продлабочување на постојните партнерства и склучување нови, со цел ширење на компанијата и на пазарите каде што досега не сме биле присутни.


    Со воведувањето напредни технологии и иновативни решенија во портфолиото, нашите производи и брендови сѐ повеќе го освојуваат меѓународниот фармацевтски пазар, на кој ја потврдуваме нашата позиција како конкурентен производител, но и како сигурен и доверлив партнер. Нѐ радува фактот што реномирани компании од Европската унија, Јужна Америка и Азија го потврдуваат интересот и веќе имаме најава за проширување на соработката. Дополнително, саемот е одлична можност за привлекување потенцијални партнери не само за извоз во регионот и пошироко, туку и за истражување на интересот за Реплек како регионален дистрибутер и партнер за продажба и маркетинг на Балканот“, изјави Душан Пецовски, генерален директор на „Реплек“.

    Во рамките на саемот, заедно со меѓународните партнери, „Реплек“ ќе го одбележи и својот 80-
    годишен јубилеј. CPHI покажува дека долгогодишната фармацевтска традиција е нешто што високо се вреднува на меѓународниот пазар, ја зголемува довербата во компанијата и нејзината конкурентност.

    Континуираното сертифицирање со EU GMP сертификатот за добри производни практики е уште еден аспект кој значајно влијае на конкурентноста на компанијата на меѓународниот пазар.
    CPHI е највлијателниот светски фармацевтски настан, кој годинава се одржува по 36 пат, а свое учество на саемот имаат најзначајните фармацевтски компании. Оваа година саемот на едно место собра повеќе од 62.000 професионалци и експерти од над 166 земји, а нивните предавања за најновите достигнувања во областа на фармацијата предизвикуваат огромен интерес.

    Присутни се и 2.400 изложувачи од целиот свет. Саемот секоја година се одржува на различна локација. На овој престижен настан компаниите од фармацевтскиот сектор од целиот свет имаат можност за промоција на своите портфолија, како и презентација на нивните иновативни производи и брендови.

    Компанијата „Реплек“ околу 75 отсто од своите производи ги пласира на странските пазари, во повеќе од 25 држави во Европската Унија, Централна и Југоисточна Азија, како и во регионот Адрија.

    Најголема потврда за високиот квалитет и конкурентноста на производите на компанијата која има 80- годишна традиција, е фактот што голем дел од нив на некои од пазарите се во рангот на
    најпродаваните.

    „Реплек“ континуирано инвестира во модернизација и унапредување на своето производно
    портфолио, со цел зајакнување на своите пазарни позиции. Во таа насока е и значајното двојно
    меѓународно признание кое компанијата го доби минатиот месец, односно двата EAEU GMP
    сертификати, кои се резултат на инспекции кои потврдуваат дека производствените процеси и
    системот за квалитет на „Реплек“ се целосно усогласени со принципите за добра производна пракса регулирани за Евроазиската економска унија. Овие сертификати се потврда за високите стандарди што се применуваат во секоја фаза од работењето и постојаното подобрување на квалитетот на секој чекор, од развојот и производството, до финалната дистрибуција.

    Популарно

    Скопје: 23-годишник три месеци принудувал дете на полови дејствија – се заканувал да не кажува дома

    18.11.2025 во 09:43

    Детали за облакодерот Вјесник: Изграден е во времето на Јосип Броз Тито – ноќеска го гаселе 100 пожарникари

    18.11.2025 во 11:08

    Добри вести за пензионерите: Познато колку ќе се зголемат пензиите

    18.11.2025 во 11:43

    МОН ги објави резултатите од ученички стипендии

    18.11.2025 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.