Реџепи: Потписите на ВМРО-ДПМНЕ на нотар не значат ништо, тоа не значи дека нема да гласаат за уставни промени

Пратеникот токму поради кого опозицијата минатата година не успеа да обезбеди доволно гласови за да се урне Владата,Кастриот Реџепи изјави дека владејачкото мнозинство ќе обезбеди гласови и од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да се направат уставни измени со цел, како што нагласува, да продолжи евроинтегацискиот пат на земјава

 „Не значат ништо нивните потписи ставени пред нотар дека нема да гласаат“, вели Реџепи.

Поранешниот пратеник на опозициската Беса, кој сега функционира како независен пратеник и е практично дел од владејачкото мнозинство, вели дека во Собранието ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени кои, нагласува, се неопходни за отворање на поглавјата со Европската Унија.

„Верувам дека ќе обезбедиме мнозинство. Како што јас тогаш се изјаснив поинаку од одлуката на мојата политичка партија (иако немаше одлука од партиските органи), така исто мислам дека има совесни пратеници кои ќе го искористат загарантираното право на глас според сопственото убедување", вели Реџепи.

И покрај тоа што на опозицијата ѝ се потребни 8 пратеници од македонската опозиција, а кои всушност потпишаа на нотар дека нема да гласаат, Реџепи е убеден во поинаков исход и вели дека нивната нотарска изјава не значи ништо.

„Потписите немаат правна сила. Политичката волја е нешто што може да се промени во зависност од околностите", рече Реџепи.

18.11.2022 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега