Расте интересот за фотоволтаици - годинава од сонце струја за 80.000 семејства

Од почетокот на годинава Регулаторната комисија за енергетика издала лиценци за производство на струја од фотоволтаици со вкупна моќ од 250 мега вати што е доволно со електрична енергија да се снабдуваат речи си 80.000 домаќинства. Како што објаснува првиот човек на регулаторна, Марко Бислимовски главно станува збор за капацитети за производство на струја кои приватни компании ги градат за да си ги задоволат сопствените потреби.
Лани, како што објави Регулаторот, издадени биле лиценци за производство на струја од обновливи извори со вкупна моќност од 399 мегавати, а во 2022 над 150 мегавати. 

06.09.2024 - 10:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега