Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Растат пензиите – од понеделник ќе се знае колку

    Растат пензиите – од понеделник ќе се знае колку

    29.08.2026 во 10:531 Min Read
    Ѓоко Велковски - Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пензиите од септември ќе пораснат за околу 3 до 3,5 проценти, а точниот процент ќе биде познат на почетокот на следната недела, најави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

    Според него, за конечната пресметка се чека да заврши август, по што ќе бидат достапни сите потребни параметри. Новото усогласување ќе биде вклучено во септемвриската пензија, која пензионерите ќе ја добијат на 1 октомври.

    „Се чека да заврши август и веќе следната недела ќе ги имаме параметрите и ќе излеземе со конкретни бројки, бидејќи треба да влезат во исплата на септемвриската пензија што ќе се земе на 1 октомври“, изјави Велковски во гостување на ТВ Сител.

    Тој посочи дека засега останува во сила законското решение според кое пензиите се усогласуваат процентуално. Претходно пензиите беа зголемени линеарно за вкупно 7.000 денари.

    Велковски не ја исклучи можноста во иднина да има и дополнителни интервенции, но рече дека тие ќе зависат од движењето на економските параметри и одлуките на Владата. Следното редовно законско усогласување е предвидено за март 2027 година.

    Премиерот Христијан Мицкоски претходно најави дека понатамошниот раст на пензиите ќе се врши согласно законскиот модел на усогласување, со образложение дека на тој начин се обезбедува правна сигурност за пензионерите.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.