Ракувањето и чувањето на кислородот може да биде една од причините за пожарот во Тетово
Според она што можеше да се види од снимките од катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, објавени во медиумите, огноит се шири со голема брзина и се слушаат неколку експлозии.
Едно од можните објаснувања за брзината на ширењето на пожарот, според експертите, е и концентрацијата на чист кислород во ковид болницата. Материјалите горат од една искра или мал пламен, доколку се во средина, атмосфера од збогатен кислород, велат експертите. Според нив, пожарот во Тетово, односно неговата брзина и реакција не можела да се случи во атмосфера со обичен, нормален воздух. Оттука, истрагата треба да даде одговор и на тоа дали имало грешки во ракувањето со кислородот во ковид болницата во Тетово, дознава МКД.мк
Инаку, доводот на кислородот и инсталацијата за него не била дел од тендерот за 19-те модуларни болници. Набавката, инсталацијата на кислородот и одржувањето е обврска на болницата во чиј склоп е модуларната болница, ни одговорија од Министерството за здравство.
Тука се поставува прашањето дали техничките приеми или примопредавањата на модуларните болници биле извршено со или без инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување кои се задолжени да издадат или не дозвола за користење доколку објектите ги исполнуваат мерките за заштита од пожари и експлозии.
Јавното обвинителство соопшти дека е издадена наредба за вештачење и на опожарениот вграден материјал, ѕидовите, таванот, вратите, прозорците... од опожарената модуларна болница во Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа