Ракометното „Класико“ на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер стартува вечерва со првиот од четирите натпревари оваа сезона во шампионатот меѓу двата клуба.

Ривалството е големо, желбата за победа уште поголема, но се се заборава и на крајот се бројат само титулите. Тимот од Битола е актуелен првак, а титулата ја потврди лани во последното коло со победа во салата во „Јане Сандански“.

За Вардар сега во мислите е само реванш за непријатниот пораз од јуни месец, но и за поразот на стартот од новата сезона на 3.септември во Супер купот во Кавадарци што Еурофарм Пелистер го доби со гол во последните секунди (28:27). Како и да е терминот за дерби е одличен, шампионот Е.Пелистер имала „мала пауза“ од настапите во Лигата на шампионите, а за Вардар ова треба да биде „загревање“ за дуелите од Лига Европа.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е еден од 5.коло од Супер лигата. Почетокот е во 19 часот, а комплетното коло ќе се одигра попладнево

Leave A Reply

Exit mobile version