Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44

    Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ

    29.10.2026 во 19:43

    Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси

    29.10.2026 во 19:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Радичевски во Милетино: Градоначалникот мора да биде за сите граѓани, без партиски поделби

    Радичевски во Милетино: Градоначалникот мора да биде за сите граѓани, без партиски поделби

    08.10.2026 во 20:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, имаше свое обраќање пред присутните на митинг во Милетино при што ја претстави својата визија и дел од проектите предвидени во програмата за развој на општината.

    ,,Оваа кампања ја започнувам со почит, со достоинство и со човечност. Во изминатиот период бевме сведоци дека проектите се работеа јавно, транспарентно и во интерес на граѓаните. Ветувам дека тоа е темпото кое јас ќе го продолжам“, рече Радичевски и додаде:

    ,,Брвеница е наша и заедничка. Нејзината иднина не смее да зависи од тоа кој за кого гласал. Градоначалникот мора да биде градоначалник на сите жители, на оној што гласал за него, но и на оној што не гласал, на оној што има партиска книшка, но и на оној што нема. Затоа што по изборите остануваме соседи, остануваме пријатели, остануваме една заедница. А само со соработката со локалната, централната власт можеме да направиме вистински резултати за граѓаните“.

    Тој наброи и дел од проектите од програмата за општина Брвеница, за што кажа дека има конкретни проекти и  конкретни рокови за проектите, дел кои се веќе во реализација.

    ,,Планираме доизградба и реконструкција на општинската зграда. Изградба на систем на водоснабдување во Челопек и развој на инфраструктурата во индустриската зона Брвеница. За да привлечеме нови инвестиции, да отвориме нови работни места и да создадеме подобри услови за нашите млади, да ја гледаат својата иднина овде, во Брвеница. За младите и економијата, отвораме локален иновациски фонд ,,Млади со идеи“, бизнис инкубатор ,,Мој бизнис, моја општина“, Центар за знаење и практични вештини и програми за поддршка на женското претприемништво и руралниот развој. Затоа што младите не само што се иднина на Брвеница, младите се нејзината сегашност и нивните идеи мора да добијат шанса. Не ги забораваме ниту најмладите, ниту најстарите, градиме нова детска градинка во Челопек,  проект кој е во фаза на реализација, ја доградуваме градинката во Брвеница, отвораме дом за стари лица со капацитет до 50 корисници и инвестираме во енергетската ефикасност и пристапност до училиштата за деца со посебни потреби“, истакна Радичевски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44

    Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ

    29.10.2026 во 19:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.