Рација во Скопје: Полн стан малолетници во 4 часот наутро
Рано утрово, околу 4 часот по полноќ, по претходна пријава и врз основа на судска наредба, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар извршиле контрола во домот во кој престојувал В.М.(24) од Скопје.
При контролата, освен В.М. биле затекнати уште 13 лица (три полнолетни и 10 малолетници на возраст од 16 и 17 години) и било констатирано дека не се почитуваат мерките за заштита и спречување на ширењето на Ковид-19.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави.
(Макфакс)
06.06.2021 - 17:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа