Close Menu
Press24
    Најново

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Работодавците имаат уште два месеци: Колку пари ќе легнат на сметките за К-15

    Работодавците имаат уште два месеци: Колку пари ќе легнат на сметките за К-15

    22.10.2026 во 10:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од 1 јули компаниите од приватниот сектор започнаа со исплата на регресот за годишен одмор, познат како К-15. Минималниот износ што треба да го добијат вработените оваа година изнесува околу 19.560 денари.

    К-15, односно регресот за годишен одмор, претставува задолжителен годишен надоместок што работодавачот му го исплаќа на работникот. Тој е наменет како финансиска поддршка за трошоците поврзани со годишниот одмор, а право на регрес има работникот кој во текот на календарската година има најмалку шест месеци непрекинат стаж кај истиот работодавач.

    Во Република Северна Македонија, износот на К-15 не е однапред фиксен, туку зависи од периодот во кој работодавачот ќе ја изврши исплатата. За пресметка се зема просечната месечна нето-плата по работник во државата, исплатена во последните три месеци пред месецот на исплатата.

    Законскиот минимум за К-15 изнесува најмалку 40% од просечната нето-плата во државата исплатена во последните три месеци.

    Максималниот неоданочен износ може да достигне до 100% од просечната плата, односно согласно условите утврдени со гранскиот колективен договор.

    Регресот за годишен одмор треба да биде исплатен најдоцна до 31 декември во тековната година.

    За неисплата на К-15 се предвидени парични казни за работодавачот, а доколку работникот биде принуден да ги врати парите во готовина, предвидена е и можност за затворска казна до една година.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.