Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прво научи, па седни зад воланот: РСБСП со кампања за идните млади возачи

    Прво научи, па седни зад воланот: РСБСП со кампања за идните млади возачи

    20.10.2026 во 11:091 Min Read
    РСБСП
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја започнува едукативната кампања „Учам – Полагам – Возам“, наменета за средношколците од трета и четврта година кои се подготвуваат за полагање возачки испит.

    Целта е младите навреме да се запознаат со условите за добивање возачка дозвола, но и со одговорностите што ги носи управувањето со моторно возило.

    Од РСБСП посочуваат дека возачката дозвола не значи само поголема самостојност и слобода, туку и обврска за почитување на сообраќајните правила и грижа за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

    Особено се нагласуваат ризиците од пребрзо возење, употреба на мобилен телефон зад воланот, некористење сигурносен појас и управување со возило под дејство на алкохол. Кај младите возачи, кои сè уште немаат доволно искуство, ваквото однесување може да доведе до сериозни последици.

    Од Советот порачуваат дека целта не е младите само да научат да управуваат со автомобил, туку да изградат навики за одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

    Пораката на кампањата е: „Учи за да знаеш. Положи за да можеш. Вози за да стигнеш – безбедно“, со потсетување дека секој живот е важен.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.