Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проверете ја електронската пошта: УЈП со важно соопштение за граѓаните

    Проверете ја електронската пошта: УЈП со важно соопштение за граѓаните

    17.07.2026 во 11:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека презема активности за завршување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД) кај граѓаните кои поднеле барање за креирање кориснички профил, но постапката не ја завршиле целосно.

    По направените проверки во системот, утврдено е дека повеќе од 35.000 граѓани имаат започнато регистрација на кориснички профил како даночни обврзници – физички лица, но процесот останал незавршен.

    Од УЈП информираат дека до овие граѓани се испратени персонализирани пораки преку електронската пошта info@ujp.gov.mk со насоки за понатамошните чекори.

    Граѓаните кои се опфатени со оваа активност потребно е да се обратат до надлежната канцеларија на УЈП со важечки документ за идентификација, за овластено службено лице да ја одобри регистрацијата.

    Од УЈП потсетуваат дека активниот профил на е-Даночни услуги овозможува користење електронски услуги, увид во податоците од Годишната даночна пријава за данок на личен доход, добивање уверенија за остварен доход и остварување различни права поврзани со институциите.

    Преку овој профил граѓаните можат да го користат и правото за враќање дел од данокот на додадена вредност преку апликацијата „МојДДВ“, за што е потребна регистрација во системот е-Даночни услуги.

    За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат до УЈП преку електронската адреса info@ujp.gov.mk или на телефонските броеви 02/3253-200 и 0800 33 000.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.