Проверете ги полиците, некои фигури од Киндер јајцата вредат цело богатство

Долго време се изложени на касите на супермаркетите и секое дете ги посакува. Секако, тоа се Киндер јајцата. Сите кои успеале да ги убедат своите родители да ги купат, можеле да очекуваат комбинација од чоколадо и забава. И многу луѓе денес можат да бидат двојно посреќни затоа што некои од фигурите од минатото вредат навистина многу пари, пишува списанието Феникс.

Пред сè, се мисли на фигурите на Штрумфовите. Ако сте доволно среќни да го имате Штрумф ноќниот чувар, Штрумф со флејта или Штрумф со огледало во вашата стара колекција, можете да очекувате неколку илјади евра. На Ebay ноќниот чувар Штрумф има цена до 12.000 евра.

Но, бидете внимателни, колекционерите прават големи разлики и се исклучително детални. Посакуваниот Штрумф има голема вредност само ако се користи сина тврда пластична влошка, со бојадисана капа и панталони, пишува списанието Феникс.

Штрумфот со огледало може да му донесе на својот сопственик од 4.800 до 6.000 евра заработка – под еден услов: огледалото да биде обоено сребрено, наместо бело. Штрумф на потпорници вреди околу 900 евра.

Џуџе со висока вредност е Ферди Фалобст. Ако е од темен основен материјал, вреди од 2.000 до 3.500 евра. Пари носат и фигурите на Астерикс и Обеликс, се продаваат од 100 до 180 евра.

10.11.2022 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа