Пронајдени двете лица кои се изгубиле во близина на Пелистер

Вчера вечерта се пронајдени двете лица кои се изгубиле во близина на Неолица (најблизок рид до Битола од планината Баба-Пелистер), информира Центарот за управување со кризи.

Тимот на Горската служба ги пронашол двете изгубени лица и истите безбедно се донесени во Битола.

Лицата се безбедни, без повреди и се малку исплашени.

Претходно лицата телефонски пријавиле во СВР Битола дека се дезориентирани во просторот и залутале далеку од пешачката патека

06.12.2021 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега