Пронајдени 501 таблети екстази во стан во Скопје

 

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.Б. (38) од Тетово поради тоа што му биле пронајдени 501 таблета екстази, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

- На 09.09.2024 околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Б. затоа што во станот во кој престојува со неговата девојка на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со физичка пресметка со нејзиниот татко. Подоцна, неговата девојка пријавила дека во станот пронашла ќеса со таблети, кои му припаѓале на А.Б.. Полициски службеници извршиле преглед во станот и ги одзеле таблетите. А.Б. бил задржан во полициска станица, каде во службен разговор признал дека таблетите се негови, се посочува во соопштението од МВР. 

10.09.2024 - 19:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега