Артилериска граната од Првата светска војна била пронајдена во селото Скочивир, битолско.
Случајот бил пријавен на 13 октомври во 11:30 часот во СВР Битола. На местото пристигнал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, кој безбедно ја подигнал гранатата и утврдил дека потекнува од Првата светска војна.

