Close Menu
Press24
    Најново

    Студентите бараат 200 денари за оброк

    28.10.2026 во 17:05

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54

    Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал

    28.10.2026 во 16:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница
    • Волк нападна осумгодишно девојче во зоолошка градина во Германија – итно префрлено со хеликоптер во болница
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Четири дена џез магија: Почнува 45. Скопски џез-фестивал

    Четири дена џез магија: Почнува 45. Скопски џез-фестивал

    15.10.2026 во 08:15Updated:15.10.2026 во 08:422 Mins Read
    Скопски џез фестивал (СЏФ)
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Словенечкиот перкусионист, тапанар и композитор Златко Каучич вечерва ќе го отвори 45. издание на Скопскиот џез-фестивал (СЏФ), со настап во Националната опера и балет. Тој ќе настапи со својот состав „Комбо БЦ“ и проектот Bravery of the Brave („Храброста на храбрите“).

    По него, на сцената ќе се претстави австрискиот тенор-саксофонист, кларинетист и композитор Леонхард Скорупа, со својот меѓународен состав Quispel Quintet. За отворањето на фестивалот, Скорупа подготви ново музичко дело, во кое основниот петчлен ансамбл ќе биде проширен со тројца македонски музичари: Божидар Пеиќ на виолончело, Бојан Талевски на виола и Ѓорѓи Петрушевски на обоа. Осумтемина ќе настапат како Quispel Octet.

    Полноќниот концерт е резервиран за италијанско-американското дуо составено од вибрафонистот Пасквале Мира и вокалистот Хамид Дрејк, еден од најзначајните перкусионисти на современата импровизирана џез-сцена.

    Втората фестивалска вечер, на 16 октомври, ќе донесе настап на норвешкото дуо Еивинд Орсет на гитара и електроника и Јан Банг со лајв семплинг. Од Исланд пристигнуваат композиторот и бас-гитарист Скули Сверисон и композиторката и мултиинструменталистка Олоф Арналдс. Полноќната програма ќе биде посветена на норвешкиот музички фестивал Punkt од Кристијансанд, со неговите основоположници Јан Банг и Ерик Хоноре.

    На 17 октомври програмата ќе започне со македонскиот квинтет предводен од вокалистката Андреа Мирчевска, која ќе го претстави проектот Lullaby for Lunatics. Од 22 часот ќе настапи јужноафриканскиот композитор и пијанист Ндудузо Махатини, кој подолго време снима за престижната издавачка куќа Blue Note.

    Полноќниот концерт на малата сцена во НОБ ќе го одржат британскиот композитор, пијанист и органист Александар Хокинс и шведската вокалистка со етиопско потекло Софија Јернберг, со заедничкиот проект Musho.

    Последната фестивалска вечер, на 18 октомври, ќе го донесе бразилско-американското трио Sao Paulo Underground, кое, според организаторите, ги проширува границите на електроакустичната композиција, спонтаното компонирање и звучната инвенција.

    Фестивалот ќе заврши со концерт на квинтетот Living Being, предводен од францускиот хармоникаш Винсент Пеирани. За последната вечер не е предвиден полноќен концерт.

    Годинава на Скопскиот џез-фестивал ќе учествуваат рекорден број изведувачи од 13 земји. Во текот на четирите фестивалски дена се предвидени осум концерти со почеток во 20 и 22 часот на големата сцена во Националната опера и балет, како и три полноќни настапи на специјално подготвената мала сцена во НОБ, наместо во МКЦ, каде што се одржуваа во претходните години.

    Традиционално, фестивалот го прогласи и најдобриот македонски џез-музичар за 2026 година. Признанието годинава му припадна на кларинетистот и саксофонист Нинослав Спировски.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.