Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Малолетничка пријавила дека била физички и психички малтретирана – Уапсени тројца членови на семејство од гостиварско
    • Кристи Пајк се освести и почна да зборува – единствената личност во САД која преживеа смртна казна
    • „Оперирал“ низ Аеродром, полицијата му најде 12 украдени велосипеди
    • Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Правеле ајвар и предизвикале пожар во Горно Соње
    • Одземен му е пасошот на вишиот јавен обвинител Пецо Везироски од Битола
    • Избегал од затвор во Струмица па ја киднапирал бившата во Шуто Оризари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Прогласена вонредна состојба во три градови во Србија

    Прогласена вонредна состојба во три градови во Србија

    29.07.2026 во 17:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Покраинскиот штаб за вонредни состојби донесе одлука за прогласување вонредна состојба на териториите на Сомбор, Кула и Врбас, со цел справување со последиците од екстремно неповолната хидролошка состојба.

    Вонредната седница ја водеше претседателката на Владата на Војводина, Маја Гојковиќ, која раководи со Штабот. На предлог на Покраинскиот штаб, Владата на Војводина издвои 270 милиони динари за итни мерки и градежни работи со кои треба да се обезбеди функционалност на хидросистемот Дунав-Тиса-Дунав.

    Причина за ваквата одлука е забележаниот историски минимум на нивото на водата во Дунав од минус 127 сантиметри. Ваквиот низок водостој претставува сериозен ризик за функционирањето на хидросистемот, пред сè за системите за наводнување, земјоделското производство и останатите корисници.

    Од Покраинската влада информираат дека вонредната состојба се воведува за да се спречи дополнително влошување на состојбата, која е најкритична во Сомбор, Кула и Врбас, со опасност да се прошири и во другите региони.

    Одобрените финансиски средства се насочени кон Јавното претпријатие „Воде Војводина“, кое веќе презема оперативни чекори за ублажување на штетите од сушата.

    Покраинскиот штаб најави дека продолжува интензивно да ја следи состојбата на теренот и ќе ги координира сите надлежни институции во наредниот период.

    Прочитај повеќе

    Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината

    07.10.2026 во 11:15

    Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност

    06.10.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.