Close Menu
Press24
    Најново

    Професорот Начевски: Македонија не смее да ја пропушти шансата што ја носаткритичните минерали

    04.08.2026 во 18:47

    Оваа европска земја влезе во историјата поради топлината – измерена највисоката температура досега

    04.08.2026 во 18:25

    Николоски се сретна со Варнс: Инфраструктурните проекти и економската соработка во фокусот на разговорите

    04.08.2026 во 18:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Професорот Начевски: Македонија не смее да ја пропушти шансата што ја носаткритичните минерали
    • Оваа европска земја влезе во историјата поради топлината – измерена највисоката температура досега
    • Николоски се сретна со Варнс: Инфраструктурните проекти и економската соработка во фокусот на разговорите
    • Трагедија во Хрватска: Прогласен Ден на жалост
    • СДСМ: Обвинителството да покрене кривична одговорност за Мицкоски, Клековски и Тошковски за водата во Гостивар
    • Турција ја засилува воената готовност во Северен Кипар поради регионални закани
    • УХМР најавува дожд – познато времето до крајот на седмицата
    • Падна цената на нафтата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Професорот Начевски: Македонија не смее да ја пропушти шансата што ја носаткритичните минерали

    Професорот Начевски: Македонија не смее да ја пропушти шансата што ја носаткритичните минерали

    04.08.2026 во 18:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Глобалната побарувачка за критични минерали отвора нови можности и за Македонија, но тие треба да се искористат со одговорен пристап и примена на најсовремени технологии, смета професорот Горан Начевски.

    Како претседател на Здружението на металурзи на Македонија, во гостување на Сител ТВ тој порача дека инвестициите во рударството треба да бидат еколошки одговорни и транспарентни, со редовен мониторинг на животната средина. Според него, проектот за бакарниот рудник во Иловица веќе е ревидиран и дополнително подобрен со цел да обезбеди уште повисоко ниво на заштита на животната средина.

    „Вакви проекти како што е Иловица, а претходно имаше такви коишто беа одбиени, секој за себе си е посебен проект. Овој проект на Иловица, колку што сум запознаен, сега е во некој статус околу концесиите и се уште не е започнат. Имаше некои измени од претходниот проект што го имаа, од еколошки аспект, баш заради влијанијата на здруженијата за животна средина, коишто беа изрично против…“, нагласи професорот Начевски, кој повика во расправата да се вклучи експертската јавност и да се дојде до заедничко решение со дел од активистите кои се критичари на проектот.

    Според претседателот на Здружението на металурзи, во Македонија историски долг период се врши рударење, но државата сега има законски регулативи коишто се усогласени со европските практики и директиви. Додека расте на цената на бакарот на светските берзи, Начевски додаде дека капацитетите во Иловица, но и оние од други наоѓалишта на критични минерали, се значајни и за домашната економија.

    „Од економски апект е многу важен, гледано за државата, за буџетот. Еве за извозот, кога има веќе побарувачка автоматски ќе расте цената и понатаму. Сигурно нема останат овие цени коишто ги има во моментов. Буџетот, како на државата, така и на локалната заедница ќе биде дополнет, ќе има нови вработувања…“, нагласи Начевски.

    Коментирајќи ја состојбата на глобално ниво, професорот појасни дека критичните минерали се оние за кои има најголема побарувачка, а тоа се најчесто минералите кои се користат за складирање и добивање на електрична енергија, понатаму за производство на електрични возила, но и во користењето на компјутерите за дигитализација. Тој истакна дека најчесто тоа се металните минерали, како бакарот, кадиумот, никелот, кои се користат за производство на батерии.

    „Во моментов сме во статус-кво состојба, што значи дека имаме потенцијал, но ни е потполно неискористен. Направени се минералните испитувања, докажано е дека постојат, но досега не ги искористуваме и всушност ова се нашите „пет минути“, коишто можат да поминат, а ние така да останеме, зашто овие критични минерали во моментов се потребни. Кога за неколку децении ќе се заситат, тие метали коишто се сега во моментот критични, можеби нема веќе да бидат критични“, додаде Начевски.

    Според него, дел од државите што ги поседуваат овие минерали, си ги преработуваат и ги користат за сопствено производство, па оттаму и го спомена терминот „нова геополитика на минерали“. Кај нас од геолошките истражувања, докажано било дека имаме дел од критичните минерали, пред се бакарот во големи количини, а и златото како благороден метал, но има и мали количини на кадмиум, индиум, платина, паладиум, коишто се во склоп на олово-цинковите концентрати, коишто исто така се експлоатираат кај нас. Начевски заклучи дека најголем производител и извозник на овие минерали е Кина, па затоа Европската Унија ги има дефинирано како критични, а всушност тие се користат за дигитализацијата на општеството, за зелената транзиција и за целата индустрија.

    Прочитај повеќе

    Николоски се сретна со Варнс: Инфраструктурните проекти и економската соработка во фокусот на разговорите

    04.08.2026 во 18:19

    СДСМ: Обвинителството да покрене кривична одговорност за Мицкоски, Клековски и Тошковски за водата во Гостивар

    04.08.2026 во 17:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.