Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски, чија сопруга и ќерка паднаа од балкон во скопски Карпош, трагедија која ја зави Македонија во црно, но и ја крена на нозе.

Претходно, Обвинителството побара продолжување на мерката поради тековните истражни дејствија, кои вклучуваат вештачење на три мобилни телефони и други предмети, како и обезбедување и анализа на видео-снимки од повеќе локации од интерес за истрагата.

Според првичните информации, мајката и детето паднаа од балкон на зграда во Карпош. Случајот бил пријавен во полиција во 14:15 часот, а настанот се случил во зградите во близина на поранешна „Алумина“.

Јовановски е осомничен за Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик.

Exit mobile version