Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за актуелното зголемување на цените на бензинот во САД, кое се појави како директна последица од конфликтот со Иран. Според него, воениот и политичкиот контекст на операцијата имаат многу поголема тежина од привремените пазарни осцилации.

Во интервју за „Ројтерс“, Трамп нагласи дека очекува брзо стабилизирање на пазарот веднаш по завршувањето на воените дејствија.

„Немам никакви грижи за тоа. Тие ќе се намалат многу брзо кога ова ќе заврши, а ако се зголемат, ќе се зголемат, но ова е многу поважно од мало зголемување на цените на бензинот“, изјави претседателот на САД.

Иако цените на горивата во САД скокнаа за околу 7 проценти за само неколку дена, Трамп потврди дека засега не планира да ги активира Националните стратешки резерви на нафта, кои се сметаат за најголеми во светот.

Exit mobile version