Утрово во 06:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово – Полициско одделене Матејче го лишија од слобода А.М.(39) од с.Отља, липковско.

Тој се сомничи дека во 00:15 часот од с.Ропаљце кон с.Никуштак, липковско, од возило „џип“ во кое се превезувал со уште неколку лица, испукал неколку куршуми кон возило „опел омега“ сои кумановски регистарски ознаки, во кое биле Е.Ш.(45) од с.Отља, и Х.А.(43) од Куманово.

Повредени лица нема и на возилото нема траги од куршуми, додека на местото се пронајдени три чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version