Нивото на водата во Охридското Езеро моментално изнесува 693,73 метри надморска височина, што е 24 сантиметри над просекот за месец март (693,49 мнв).

Споредбено со минатата година, водостојот е значително подобрен, бидејќи во март 2025 година нивото на водата се наоѓаше повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек, па дури и само неколку сантиметри над дозволениот минимум.

Температурата на водата во езерото е 6,5 °C, што е еден степен под мартовскиот просек.

Добрата состојба на езерото во однос на водостојот се должи на интензивните врнежи кои го зафатија регионот изминатите месеци, овозможувајќи стабилно ниво на водата и подобрени хидролошки услови.

Exit mobile version