Нема одговорност за скандалите на власта, нема одговор за Адамовиќ, за врските со Русија, за 5 тони дрога, за Панче, има нов дефокус од кујните на ВМРО-ОКГ. Сериозни скандали ја потресуваат државата, а власта очајно се обидува да дефокусира со нови спинови за името, се наведува во соопштението од СДСМ.
Нема одговор од Христијан Мицкоски кој е Душан Адамовиќ, функционер на СНС, и по кои критериуми ovoj негов близок пријател е поставен за почесен конзул во Србја, со врски во Русија, кој вели дека Македонија е окупирана српска тероторија.
Нема одговор ниту за најголемиот нарко-скандал во регионот – 5 тони дрога кои поминале преку македонската граница и завршиле кај функционери на СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ, во соседна Србија.
Нема одговор за средбите на првиот вицепремиер Стоиљковиќ со „Ноќните волци“ на Путин, нема одговори за криминалецот Симе кој пука со калашников и го цитира Шешељ пред руско знаме а има албум со лики со Мицкоски.
Нема одговор зошто не се покачува минималната плата, зошто се кратат субвенциите, зошто се крати за лекови.
После сето ова нема одговорност ниту за Панче Тошковски после толку многу човечки жртви.
Кога нема одговори, кога нема одговорност – тогаш кујните на ВМРО се пуштени на големи.
Се отвора темата за Руси и Белоруси, сега за името, со истиот стар рецепт: спинови и лажни црни кампањи, како заштита на ВМРО-ОКГ.
Но, граѓаните добро знаат и сега не поминуваат веќе.
Токму ВМРО и Мицкоски ветуваа дека ќе го вратат името. Цела кампања ја базираа на ова ветување.
Денес се на власт – што чекаат?
Зошто не и кажат на меѓународната заеднида дека го менуваат името?


