Конфликтите на Блискиот Исток влегоа во својот седми ден, а иранските, но и израелско-американските сили започнаа нови бранови ужасни напади.

Синоќа низ Либан се слушнаа серија експлозии, а сирените за воздушен напад одекнуваа во Израел. Немирно беше и во Техеран, каде што израелските сили извршија нови бранови напади.

Еден таков инцидент се случи за време на преносот во живо, па еден ирански телевизиски новинар беше принуден да побара засолниште.

На видеото што се шири на мрежите, се гледа како новинарот известува од главниот град, а во следното, снимателот ја спушта камерата и почнува да трча.

„Пукаат! Сега! Тука! Само што пукаа“, се слушаат гласови додека новинарот и снимателот бегаат од локацијата каде што снимаа пред секунда.

Exit mobile version