Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Признанија за Стопанската комора и Азески за поддршката на школата за срцева слабост

    Признанија за Стопанската комора и Азески за поддршката на школата за срцева слабост

    21.09.2026 во 08:462 Mins Read
    Стопанска комора
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Регионалната школа за срцева слабост додели две плакети како благодарност за поддршката во организацијата на второто издание на меѓународната конференција. Едната плакета ѝ беше доделена на Стопанската комора на Северна Македонија, додека посебно признание доби и нејзиниот претседател Бранко Азески.

    Организаторите изразија надеж дека Регионалната школа за срцева слабост ќе продолжи да се одржува и во наредните години, со цел да придонесе кон размена на знаења и унапредување на медицинската пракса во регионот.

    Срцевата слабост е често заболување и, и покрај намалувањето на стапката на некои други кардиоваскуларни заболувања, бројот на пациенти со срцева слабост продолжува да расте. Како фактори за овој тренд се наведуваат стареењето на населението и подобреното преживување кај други кардиоваскуларни заболувања.

    Европското кардиолошко здружение, согласно актуелните препораки, посочува дека пациентите со срцева слабост треба да се третираат преку мултидисциплинарен пристап и со јасно дефинирани приоритети.

    Континуираната едукација на кардиолозите и медицинскиот персонал е важен дел од обезбедувањето соодветна грижа за пациентите, поради што ваквите стручни настани имаат значајна улога во размената на искуства и знаења.

    Стопанската комора на Северна Македонија, на иницијатива на Македонското здружение по кардиологија, втора година по ред ја поддржува организацијата на Регионалната школа. Од Комората велат дека иницијативата ја гледаат и како можност за поширок општествен придонес кон јавното здравје и подигнување на свеста за превенцијата од кардиоваскуларни заболувања.

    Во рамки на иницијативата се развива и партнерство со Европското кардиолошко здружение, Европската асоцијација за срцева слабост и водечки европски кардиолошки центри, меѓу кои Центарот за срце во Цирих и Центарот за срце во Лондон. Целта е на учесниците да им се овозможи пристап до најновите научни сознанија, како и практична и интерактивна едукација за дијагностика и третман на срцевата слабост.

    Второто издание на Регионалната школа за срцева слабост се одржа во Скопје кон крајот на минатата недела, во соработка со Европското кардиолошко здружение и Европската асоцијација за срцева слабост. На школата учествуваше и актуелниот претседател на Европското кардиолошко здружение, проф. д-р Томас Лушер.

    Најавено е дека школата ќе биде лиценцирана и валидирана како официјален едукативен настан во рамки на Европското кардиолошко здружение.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.