Четири лица се лишени од слобода под сомнение дека ги извршиле двете разбојништва со смртни последици што се случија на 22 и 27 октомври во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, соопшти МВР.
Станува збор за А.С.(22), Х.Е.(20) и К.А.(58) од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за кривично дело „разбојништво“ со последица смрт.
Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје и по издадени наредби, за четворицата е побаран краткотраен притвор за целосно комплетирање на доказниот материјал.
По завршување на постапката, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

