Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Почина обвинител од Струга
    • „Улици и патишта” со важна информација: Одложено затворањето на мостот „Близнак“
    • Мајката на судијата Ристов: „Кога ќе ми останеше некоја паричка ќе ги пикнев во дупчето на циглата”
    • Ги фатиле на дело – Македонската полиција уапси три лица
    • Муцунски на конференција за Коридорот 8 – Ќе разговара и со еврокомесарката Кос
    • Петровска на Рос-Рот семинарот на НАТО во Молдавија
    • Пронајдена неексплодирана рачна бомба во скопско
    • Претепан сопругот на Јелена Крсмановиќ – Завршил без заб и со потрес на мозокот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Приведен пред Онкологија: Изнудувач со закани барал 15.000 евра од жена

    Приведен пред Онкологија: Изнудувач со закани барал 15.000 евра од жена

    28.09.2025 во 10:231 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека во последните 2 месеца вршело кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 од Кривичниот законик.

    Осомничениот, телефонски и преку пораки на различни апликации упорно контактирал жена во странство, и упатувал сериозни закани по нејзиниот и по животот на нејзините мајка и брат, доколку не му исплати 15.000 евра.

    На оштетената и дал рок до 26.09 за исплата на парите, па се договориле да му испрати 500 евра по Вестерн унион, што таа го направила на 17 септември. За исплата на дополнителни 4.500 евра требало да дојде во земјава и да му ги предаде пред Клиниката за онкологија.

    Кога пристигнала во земјава на 25 септември оштетената веднаш го пријавила. Штом дошол на договореното место да ги земе парите, осомничениот 37-годишник бил приведен.

    Имајќи ги предвид сите околности, опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведоците и оштетените или да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Почина обвинител од Струга

    08.10.2026 во 11:13

    Мајката на судијата Ристов: „Кога ќе ми останеше некоја паричка ќе ги пикнев во дупчето на циглата”

    08.10.2026 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.