Приведен познатиот српски пејач: Кога ќе видите си колкава брзина возел, ќе речете дека казната му е мала

Сообраќајната полиција го запре пејачот Слободан Васиќ на наплатна рампа кај Стара Пазова, бидејќи возел автомобил „БМВ“ со просечна брзина од 216 километри на час!

Овој прекршок познатиот пејач го направил на автопатот Белград – Суботица, каде камерата за просечна брзина го снимила и го открила прекршокот што го направил.

Откако бил запрен, Васиќ бил спроведен во Судот за прекршоци во Стара Пазово, каде судијата му изрекол казна од 100.000 динари, 14 казнени поени и заштитна мерка за управување со моторно возило во траење од осум месеци.

15.11.2022 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега