Вчера во 22:18 часот на автопат А1 кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Б.Т.(30).
При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Б.Т. управувал патничко возило „ауди а6“ со косовски национални ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.
Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. Против лицето е поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.
- Почина легендарниот Мишо Ковач
- Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
- Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
- Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
- Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
- Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
- Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
- Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними

