Вчера во 16:30 часот, на локалниот пат меѓу селата Заграчани и Долна Белица, бил лишен од слобода А.М. (85) од Заграчани.

Според пријавеното, тој претходно кај месноста „Лок“ подметнал и предизвикал пожар на отворен простор со нискостеблеста вегетација.

Во пожарот нема повредени лица, а во гаснењето интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.

По целосното документирање на случајот, против 85-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Exit mobile version