Следниот неработен ден за сите граѓани е 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија, кој годинава се паѓа во вторник.

Според календарот на неработни денови, следниот слободен ден е 12 октомври (понеделник), кога се одбележува Денот на народното востание, со оглед на тоа што 11 октомври е во недела, со што граѓаните добиваат продолжен викенд.

Во истиот месец следи уште еден продолжен викенд, односно 23 октомври (петок) – Денот на македонската револуционерна борба. Последниот неработен ден за сите граѓани во оваа година е 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски.

За граѓаните од католичка вероисповед, неработни денови до крајот на годината се и 1 ноември (недела) – Празникот на сите светци, како и 25 декември (петок) – првиот ден на Божиќ.

Exit mobile version