Хрватската полиција поднела обвинителен предлог против 18-годишен мотоциклист кој покажал среден прст кон стационарна камера за мерење брзина во Бјеловар.
Инцидентот се случил во април годинава, кога младиот возач поминувал со мотор покрај камерата, ја кренал левата рака и го покажал навредливиот гест. Според неофицијални информации, во моментот на настанот тој сè уште бил малолетен.
Полицијата оценила дека со гестот ги навредувал и омаловажувал службените лица при извршување на службената должност и дека сторил прекршок против јавниот ред и мир.
За прекршокот е предвидена глоба од 700 до 4.000 евра, а полицијата предложила тој да биде казнет со 700 евра. За случајот ќе одлучува Општинскиот суд во Бјеловар.


