Close Menu
Press24
    Најново

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“
    • Инстаграм профилот на агенцијата Бета под хакерски напад
    • По децении запуштеност, ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
    • Бугарија нема да учествува во новиот финансиски пакет: Радев ја одби европската иницијатива за нов заем од 70 милијарди евра за Украина
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Притвор за македонскиот државјанин кој уби жена на Крит

    Притвор за македонскиот државјанин кој уби жена на Крит

    26.06.2026 во 18:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 43-годишниот македонски државјанин, кој го призна убиството на 45-годишната жена на грчкиот остров Крит, денеска му е одреден притвор по заедничка одлука на истражниот судија и јавниот обвинител.

    Осомничениот се товари за убиство со умисла, а пред истражните органи во Ханија изјавил дека злосторството било извршено по расправија со жртвата и дека не било однапред испланирано. Според грчките медиуми, тој во својот исказ побарал прошка од семејството на убиената.

    Македонскиот државјанин ќе остане во притвор до почетокот на судскиот процес.

    Убиството било извршено на 30 мај, истиот ден кога исчезнала 45-годишната Ставрула Левендаки. Случајот беше расветлен минатата седмица, кога 43-годишниот М.Л., кој со години живее и работи на Крит и последните четири години бил потстанар во куќата на жртвата, го признал делото во текот на предистражната постапка.

    Според грчката полиција, осомничениот, откако бил соочен со собраните докази, го признал убиството и ги одвел истражителите до местото каде што го сокрил телото – на приватна земјоделска парцела во областа Ватилакос кај Ханија. Телото било пронајдено закопано, завиткано во повеќе кеси и врзано со пластични стеги, што целосно ги потврдило доказите обезбедени во истрагата.

    Исчезнувањето на жената било пријавено со речиси десетдневно задоцнување, што значително ја отежнало истрагата. Поради тоа, грчката полиција го оцени случајот како исклучително сложен.

    Ставрула Левендаки исчезнала откако на 30 мај го посетила својот потстанар за да ја наплати киријата и да го провери станот. Токму македонскиот државјанин бил последната личност која ја видела жива.

    Случајот предизвика големо внимание во грчката јавност, особено поради тоа што осомничениот првично категорично негирал каква било вмешаност во злосторството и дури давал изјави за медиумите, обидувајќи се вината да ја префрли на други лица.

    Прочитај повеќе

    Се судрија мопед и „мерцедес“ на булевар „Кочо Рацин“

    20.10.2026 во 23:46

    „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50

    20.10.2026 во 18:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.