Претрес во Битола: Полицијата пронајде хероин и приведен дилер

 

 Вчера полициски службеници од СВР Битола го уапсиле 26-годишниот В.М. од Битола.

„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 14 пакувања хероин, повеќе различни видови таблетки, дигитална вага и други предмети со остатоци од непозната материја и пари во различни апоени“, велат од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

27.09.2022 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега