Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори

    Пренџов: Следниот обвинител на ОЈО ГОКК да го преиспита случајот што Абази го затвори

    25.08.2026 во 19:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во ,,Вести плус“ на телевизија Канал 5, се осврна на случајот со модуларната болница во Тетово, кој во моментов е актуелен, откако Ислам Абази го затвори предметот. Според Пренџов, неприфатливо е случајот да биде затворен без одговорност, затоа што, како што вели тој, станува збор за објект набавен и платен од државата во периодот кога министер за здравство беше Венко Филипче.

    ,,Ако вие имате случај во којшто изгорел еден објект, којшто бил набавен и платен од државата. Ако во тој објект изгореле 14 наши сограѓани, јас никогаш нема да се помирам со фактот дека тој случај може да биде затворен, уште помалку да се извиниме на некој којшто тогаш бил власт и директно одговорен за набавката на таа модуларна болница“, вели Пренџов.

    Тој нагласи дека не може да се очекува јавноста да се помири со тоа што нема утврдена одговорност. Пренџов посочи дека и самиот не може да се помири со тоа што случајот е затворен, токму во пресрет на заминувањето на Абази од функцијата и истакна дека очекува неговиот наследник повторно да го разгледа предметот.

    ,,Мојот светоглед не дозволува да ако Ислам Абази како шеф на ОЈО ГОКК, којшто го затвора овој случај, му завршува мандатот за месец два, оваа есен, да се помириме дека тоа е нормално, дека тоа така треба да биде и дека тие 14 луѓе, загинале од ништо и за тоа никој не бил виновен. Нема да се помириме, се надевам дека следниот којшто ќе си го изберат меѓу себе обвинителите, главен обвинител за организиран криминал и корупција, ќе го отвори овој случај уште еднаш, и ќе ни каже дали навистина е тоа така. Ако вие сте држава, ако вие набавите некој објект, тој објект се запали и во него загинат луѓе, не може никој да не е виновен за ништо“, заклучи Пренџов.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.