Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Владини веб-страници исклучени поради критични безбедносни пропусти: Итна реакција низ Европа
    • Младинските политики остануваат само на хартија: Општините не го почитуваат законот
    • Скопје: Се судрија автобус и автомобил
    • Ангелов: Регионалната соработка и подготвеноста се клучни за ефикасен одговор при катастрофи
    • 32-годишна жена натепана од вонбрачниот сопруг и золвата 
    • Планирале да нападнат за денот на изборите: 5 лица паднаа в рацете на полицијата во Белград
    • Започнува зимското сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките еден час назад
    • Судење за „Пулс“: Вештакот тврди дека немало реконструкција, Обвинителството ја оспорува стручноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии

    Пренџов: Буџетската расправа треба да е дискусија за бројки и проекти, а не обид за подгревање на меѓуетнички тензии

    19.11.2025 во 14:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа одржана во рамките на Комисијата за финансирање и Буџет во Собранието истакна дека кога се дискутира за бројки и парите на граѓаните мора да постои прецизност, бидејќи граѓаните од пратениците очекуваат информативен бенефит, што се случува во Македонија и каде се трошат нивните пари, а не на буџетска расправа да се ставаат теми кои не се поврзани со Буџетот.

    Пренџов истакна дека во поглед на одбележување на Рамковниот договор, во рамки на Владата тоа постои секоја година и даде уверување дека тоа одбележување ќе биде на истото ниво и повисоко од тоа што било лани или пред 5 години. Пренџов дополни дека за време на владеењето на претходната власт, 7 години се трошеа огромни средства, пари на непродуктивни работи.

    „Денеска, најголем дел од прославите се прават во рамки на „Клубот на пратеници“, и нормално е да тоа што е државно чини помалку од тоа што е приватно и кога вие се грижите за народните пари, нормално е да ги оптимизирате трошоците, да има се да биде достојно обележано и тоа да ги чини сите нас граѓаните помалку. Сите работи ќе си бидат испочитувани, изорганизирани на највисоко ниво“, рече Пренџов.

    Пренџов, во понатамошниот дел од своето излагање упати апел да не се поистоветува спортот и наводните меѓуетнички тензии, при што истакна дека секоја држава и секоја нација треба да вложува во младите и спортот и укажа дека е поразително поранешен вицепремиер и актуелен пратеник да се обидува да го поистоветува спортот со меѓуетнички тензии.

    „Јас немам проблем вие да побарате амандмани за било што, тоа е нормално тоа е демократија. Јас немам проблем да разговарате со граѓани коишто имаат реални потреби и тие реални потреби на граѓаните да ги артикулирате низ амандмани и овдека да ги дискутираме, но е нечесно да кажете на Македонија не и треба спорт, два пати тоа го спомнавте“, појасни Пренџов.

    Пренџов, на крајот од своето излагање укажа дека во Македонија ќе има и спорт и одбележување на сите настани коишто ја одбележуваат Македонија, преку оптимизација на трошоците, бидејќи домаќинското и одговорно работење е императив на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.