Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Димитровски за МИА од Делфи: ЕУ да направи конкретни чекори и да постави конкретни рокови за проширувањето со Западен Балкан
    • Падна Косовец на Блаце – во системот Интерпол го евидентирал по мерка „апси“
    • Димитров од Делфи до Бугарија: Колку и да мислите дека ви е добра стратегијата – не е лошо да си ги погледнете резултатите
    • Хоџа во Виена: Австриските искуства како модел за македонските реформи во животната средина
    • Напад во Ормуз: Грчки брод цел на Иранската револуционерна гарда, министерот Герапетритис со итно предупредување
    • Средба на министерот Муцунски со министерката за Европа, интеграција и семејство на Австрија, Клаудија Бауер
    • МВР со важно соопштение до граѓаните: Не ги носете потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ во полициска станица
    • ФОТО+ВИДЕО: Тошковски на полициска вежба во Идризово: Се гради професионален кадар подготвен за секој предизвик
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Премиерот: Истурањето пари во СЈО заврши со Луј Витон куфер мито

    Премиерот: Истурањето пари во СЈО заврши со Луј Витон куфер мито

    01.12.2025 во 21:304 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „360 Степени“ на МТВ, прашан за финансирањето на правосудството и извештајот на Советот на Европа, направи споредба на процентот којшто се издвојува од БДП за правосудството во Македонија споредено со Словенија, но и споредба на БДП по глава на жител во Македонија споредено со БДП по глава на жител во Словенија, а потоа ги спореди платите на судиите.

    „Платата којашто ја добива почетник судија во Македонија, бруто некаде околу 19.134 евра годишно, според извештајот на Советот на Европа, додека пак во Словенија таа плата е малку поголема од 34.000 евра бруто. Истиот судија почетник. Притоа, за БДП во Македонија истиот извештај вели дека е некаде над 6.600 евра по глава на жител, додека за словенечкиот вели дека е некаде над 27.000 евра по глава на жител. Со други зборови, платата на судија почетник во Словенија е за отприлика за 85% поголема од платата на судија почетник во Македонија, во услови кога БДП е за 350% поголем од БДП во Македонија“, нагласи Мицкоски кој споредувајќи го БДП во Словенија и во ЕУ со БДП во Македонија посочи дека разликата со Словенија е три спрема еден, а во услови кога БДП во Македонија по глава на жител е 6.600 евра и во услови кога БДП по глава на жител во ЕУ е над 30.000 евра, тоа е пет спрема еден.

    Во однос на прашањето дали треба да се дадат повеќе пари за правосудството, за да судовите и јавните обвинителства поефикасно да работат и да испорачуваат поквалитетна правда, Мицкоски го потенцираше фактот дека ние како држава одвојуваме за правосудството повеќе пари од просекот и од медијаната на земјите опфатени со извештајот изготвен од Советот на Европа, односно земјите членки на Советот на Европа.

    „Ние издвојуваме 0,39% од БДП според анализата на Советот. Според нашата е 0,44%. Европскиот просек е 0,30%. По БДП по глава на жител, издвојуваме три пати помалку од европскиот просек, во услови кога нашиот БДП е пет пати помал“, потенцираше премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски се повика и на податок од Албанија, колку таму се издвојува заради честите споредби, а таму процентот е 0,2%, односно двојно помалку отколку во Македонија по глава на жител.

    На прашање пак дали финансирањето на СЈО би бил добар пример за финансирање на правосудството, Мицкоски рече:

    „СЈО не може да биде добар модел за финансирање, што на крај заврши спакуван во куфер Луј Витон.“

    Мицкоски нагласи дека за состојбите во правосудството не е до парите, туку до свеста и истакна дека судиите се соодветно платени за да испорачаат многу повеќе од тоа што сега го испорачуваат, споредувајќи ја премиерската со платата на претседател на Основен суд, којашто е поголема за 25% од премиерската плата.

    Мицкоски којшто повторно посочи дека во правосудството има многу чесни обвинители и судии, за разлика од малкумината кои влегуваат во јавни преписки со него. Притоа го повтори предлогот, да се достави список со информација до Владата за тоа што им е неопходно, за нови вработувања асистенти и истражители, Судскиот Совет и Советот на јавни обвинители да го одобри тој список, а Владата ќе го прифати како зголемување.

    „Прифаќам, самите да си сработат список, да им одобри Судски Совет или Совет на Јавни обвинители, како што бараат за тоа што сакаат да го вработат и што им е неопходно, и тоа ќе го прифатиме како зголемување. Нека направат список колку им требаат истражители, колку асистенти, нека направат систематизација, нека унапредат они како мислат, нека им го одобри Судскиот и обвинителскиот совет, и нека не информираат дека во Буџетот за оваа цел ни се потребни толку пари, и ќе ги одобриме. Јас сум одговорен кон парите на граѓаните што се трошат, како се трошат. Јавно порачувам, направете список, кажете колкави се фискалните импликации, со ребалансот ќе бидат дополнети тие пари. И тоа е јавно кажано неколку пати. Бидејќи сега имаат предвидени за цела година средства во Буџетот за плати за вработените во судството, во првите четири-пет месеци ќе се потроши дел од тие пари, и за нововработените ќе биде малку поголем тој дел, а таа разлика со ребалансот ќе им биде вратена за целата година“, посочи премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за 360 степени на Македонската телевизија.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.