Close Menu
Press24
    Најново

    Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август

    13.08.2026 во 18:48

    Кој ширеше информации дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?

    13.08.2026 во 18:26

    Откажани над 700 летови: Етна ја парализираше Сицилија во шпицот на туристичката сезона

    13.08.2026 во 18:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
    • Кој ширеше информации дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
    • Откажани над 700 летови: Етна ја парализираше Сицилија во шпицот на туристичката сезона
    • Црн биланс во ОН извештајот: Јули со најмногу цивилни жртви во Украина уште од мај 2022 година
    • Се санира мостот на Маркова Река, инвестицијата е вредна 4,6 милиони денари
    • Вреди: Лицемерието на ДУИ, две години молчеа за случајот со Лотаријата
    • Со остар предмет се заканувал на малолетници – кривична пријава за гостиварчанец
    • Судењето за „Лотарија“ и Груби ќе започне на 24 август
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август

    Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август

    13.08.2026 во 18:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“ преку автоматска распределба е распределен кај судија и е насрочен за 24 август, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

    Основното јавно обвинителство Скопје, претходно поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица, кои како што информираа од Обвинителството, во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија во значителна вредност од 507.632.173 денари.

    -Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и други лица. На сите обвинети им се става на товар кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4 в.в. став 1 в.в. член 22 од Кривичниот законик. Преку автоматска распределба предметот е распределен кај судијата Билјана Шуплиновска – Јовевски и истиот е насрочен за 24 август во 10 часот – инфирмираат попладнево од Кривичен. 

    Првообвинетиот – поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами сè уште е недостапен на органите на прогон, односно тој е во бегство, и за него Обвинителство бара да му биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 дена, додека за вториот обвинет – Артан Груби, предложено е продолжување на претходно определената мерка куќен притвор, која му е определена заедно со мерката на претпазливост – привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

    -Со оглед дека Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог, мерката притвор согласно со член 470 став 4 од Законот за кривична постапка може да биде најдолго 60 дена од денот на поднесување на предлогот до завршување на главната расправа, односно најдолго 60 дена од денес – информираат од Кривичен. 

    Груби, по повеќе од 14 месеци бегство, во февруари годинава беше уапсен на граничниот премин Блаце. По распит во Обвинителството, Груби, наместо во притвор, кој претходно му беше определен во отсуство, поради безбедносни причини, доби куќен притвор. 

    Прочитај повеќе

    Со остар предмет се заканувал на малолетници – кривична пријава за гостиварчанец

    13.08.2026 во 17:37

    Заталкани куршуми оштетија две возила во Чаир и Визбегово

    13.08.2026 во 16:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.