Предан: Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари доколку Бугарија состави влада

Ние сме се уште оптимисти за старт на преговорите на Северна Македонија. Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари, само доколку Бугарија состави влада, вели  словенечкиот амбасадор во државава Милан Предан.

-Ние како претседателство го делиме мислењето со мнозинството земји во ЕУ дека не треба да има раздвојување меѓу Северна Македонија и Албанија бидејќи тоа ќе биде лоша порака за регионот. Ние сме се уште оптимисти и мора да признаеме дека се уште нема влада во Бугарија, но и јасно парламентарно мнозинство тука. За да се дојде до решение треба двете земји да се поактивни. Се надевам дека Скопје и Софија ќе може да дојдат до компромис по билатералните прашања. Во следните денови ќе има нов дијалог помеѓу експертските групи. Има можност за одлука во декември која би можело да се формализира во јануари, само доколку Бугарија состави влада, вели Предин во рамки на панел-дискусијата на Универзитетот Американ Колеџ Скопје на тема „Иднината на Европа – еден поглед од земја-кандидат за членство во ЕУ“.

Единствена мерка за успех, како што вели Предан, ќе биде ако Северна Македонија до крајот на словенечкото претседателство ги почне преговорите за членство во ЕУ.

-Ние сторивме се што можеме. Силно верувам дека ќе ги започнете преговорите, ако не во декември, за многу брзо време, нагласува словенечкиот амбасадор.

На панел дискусијата на која покрај словенечкиот учествуваа и амбасадорите од земјите од Вишеградската четворка, унгарскиот амбасадор Ласло Дукс го истакна унгарското гледање дека ЕУ е силна ако нејзините земји члкенки се силни, а во тој контекст Унгарија смета и дека проширувањето е една од најважните политики на ЕУ.

 

02.12.2021 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа