Close Menu
Press24
    Најново

    Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството

    29.10.2026 во 21:47

    Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт

    29.10.2026 во 21:37

    22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија

    29.10.2026 во 21:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пред пратениците ребалансот на Буџетот – Поднесени 224 амандмани

    Пред пратениците ребалансот на Буџетот – Поднесени 224 амандмани

    03.07.2026 во 08:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја отвори расправата за Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година, кој е во второ читање. За предложените измени се поднесени вкупно 224 амандмани.

    Со ребалансот се предвидува зголемување на вкупните буџетски приходи на 379,2 милијарди денари, додека расходите се проектирани на 425,2 милијарди денари. Најголемо зголемување има кај капиталните инвестиции, за кои се обезбедени околу 46 милијарди денари, односно речиси 5,8 милијарди повеќе од првичниот план.

    Проекциите на Владата остануваат економски раст од 3,5 проценти, инфлација од 4,5 проценти и буџетски дефицит од 4,1 процент од бруто-домашниот производ.

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека измените имаат цел да обезбедат дополнителна поддршка за развојни проекти и инфраструктурни инвестиции, нагласувајќи дека зголемениот дефицит ќе биде насочен кон капитални вложувања, а не кон тековна потрошувачка.

    Според предложените измени, даночните приходи остануваат речиси непроменети, додека неданочните приходи се зголемуваат поради подобра наплата на административните такси, концесиите и сопствените приходи на буџетските корисници. Во исто време, средствата за стоки и услуги се намалуваат преку пренамена кон приоритетни проекти.

    Со ребалансот се предвидува продолжување на инвестициите во патната и железничката инфраструктура, изградба на водоводни и канализациски системи, пречистителни станици и проекти за управување со отпад.

    Буџетскиот дефицит, заедно со обврските за отплата на јавниот долг, ќе се покрива преку домашно и странско задолжување, при што најголем дел од средствата ќе бидат наменети за сервисирање на постојните кредитни обврски.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22

    ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

    29.10.2026 во 11:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.