Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во близина на минхенскиот аеродром забележана дива мачка за која се сомнева дека е пума
    • Разбиен синџир за шверц со мачки – Украдени илјадници миленици за месо во Виетнам
    • Најстудено вечерва во Берово – Погледнете ги измерените температури во 23 часот
    • СЗО бара официјални информации од Русија: Истрага за смртта на научничка во Иркутск по сомневањата за белодробна чума
    • Во петок можни се пречки во мрежите и ГПС – се очекува умерена геомагнетна бура од категорија G2
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Позитивни финансиски трендови во Буџетот: Раст на приходите и зголемени инвестиции

    Позитивни финансиски трендови во Буџетот: Раст на приходите и зголемени инвестиции

    06.07.2026 во 10:443 Mins Read
    Министерство за финансии
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во првата половина од годината, односно во периодот јануари–јуни, вкупните приходи во Буџетот се реализирани во износ од 170 милијарди денари (169,9 милијарди денари), што претставува раст од 8,6% во однос на истиот период од претходната година и реализација на планот од над 45%.

    Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето за ребалансот на Буџетот за 2026 година, во рамки на комисиската расправа во Собранието, оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се движи согласно очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и приоритетните развојни политики.

    Таа истакна дека најголемиот дел од приходите произлегуваат од редовната економска активност. Даночните приходи изнесуваат 96,7 милијарди денари, при што приходите од ДДВ се 43,3 милијарди денари и учествуваат со околу 44,7% во вкупните даночни приходи. Приходите од данок на личен доход се 17,5 милијарди денари, од данок на добивка 13,8 милијарди денари, додека од акцизи се реализирани 13,9 милијарди денари.

    Според податоците, забележан е раст на приходите од данок на личен доход од 11,7%, данок на добивка од 14,5%, ДДВ од 16,4%, како и раст од 8,3% кај увозните давачки.

    Министерката оцени дека ова претставува показател за продолжена економска активност, функционирање на компаниите, раст на платите и поефикасна наплата со намалување на сивата економија.

    Во истиот период, социјалните придонеси како клучен извор за финансирање на пензискиот и здравствениот систем достигнаа 58,8 милијарди денари, што претставува раст од 7,5% во однос на лани.

    На расходната страна, буџетот е реализиран во износ од 205,9 милијарди денари, во насока на навремено исполнување на законските обврски кон граѓаните и стопанството.

    Исплатен е поврат на средства по основ на солидарниот данок во висина од 1,2 милијарди денари, за пензии се издвоени 58,1 милијарди денари, за здравство 25,5 милијарди денари, а за социјална заштита 7,6 милијарди денари. Кон општините се трансферирани 15,1 милијарди денари блок-дотации, како и дополнителни 2,4 милијарди денари од ДДВ.

    Во првата половина од годината, државата ги сервисирала сите обврски кон домашните и странските кредитори. За камати се исплатени 12 милијарди денари, а за отплата на главнина 60,7 милијарди денари, што според министерката е важно за одржување на довербата на инвеститорите и меѓународните финансиски институции.

    Таа нагласи дека финансиската дисциплина и редовното сервисирање на обврските остануваат приоритет.

    Капиталните расходи во овој период изнесуваат 19,4 милијарди денари, што е раст од 53,5% на годишно ниво. Овие средства се насочени кон инфраструктура, училишта, градинки, здравствени објекти, енергетика и локален развој. За Коридорите 8 и 10-д се реализирани 6,3 милијарди денари, а за општински инфраструктурни проекти 2,1 милијарди денари.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година

    07.10.2026 во 19:49

    (ГАЛЕРИЈА) Митовски: Крива Паланка го добива новиот адреналински парк на Калин Камен

    07.10.2026 во 18:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.