Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот

    Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот

    10.08.2026 во 17:223 Mins Read
    ФОТО: УХМР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По 30-часовна битка изгаснат е пожарот на депонијата во Крива Паланка. Екипите работеа до доцните вечерни часови. Целосното гасење завршило околу 22:30 часот. Денеска на депонијата се очекува да бидат донесени околу 50 камиони со земја, со која ќе се покријат и натрупаат критичните делови за дополнително да се обезбеди просторот.

    Денеска целата држава е со ВИСОК метеоролошки индекс на пожар, покажува Македонскиот шумски систем.

    „Целата територија на РСМ (освен повисоките делови на Шара) е со ВИСОК метеоролошки индекс на пожар. Иако нема области со МНОГУ ВИСОК метеоролошки индекс на пожар, се уште постои ризик од појава на пожари на отворен простор и шумски пожари со ВИСОК интензитет на целата територија на РСМ“, изјави Надица Вчкова, портпаролка на Центарот за управување со кризи.

    https://sitel.com.mk/pozharen-alarm-niz-evropa-makedonija-pod-visok-rizik-ognot-besnee-vo-regionot
    https://sitel.com.mk/pozharen-alarm-niz-evropa-makedonija-pod-visok-rizik-ognot-besnee-vo-regionot

    Според последниот пресек на надлежните има седум пожари на отворен простор. Активни се три – гори ниска вегетација во штипското село Лакавица, во општина Македонски брод и во Неготино воениот полигон Криволак. Два пожари се под контрола и два се изгаснати.

    Во државата е прогласена кризна состојба, за полесно да се искористат човечките и материјалните капацитети, во гасењето на стихиите.

    Пожари нема само во Македонија. Поради силниот топлотен бран од почетокот на август, цела Европа се бори со стихиите. Особено критично е во Грција. Таму спроведени се низа евакуации бидејќи гореше на повеќе места. Рано утрово избувна нов пожар во грчкото село Куварас, на 60 км југоисточно од Атина.

    На терен се распоредени на 170 пожарникари со 40 возила. На помош се пристигнати екипи од Франција и Романија. Последно, седумте региони во јужниот дел на земјата се во состојба на готовност поради вискиот ризик од пожари.

    Ако сте на Халкидики не се шетајте во шумите, бидејќи ќе останете без 300 евра. Денеска стапи на сила строга забрана за сообраќај и движење на пешаци во шумските подрачја поради високиот ризик од избувнување на пожари.

    Српските власти ги евакуираа жителите на Шумарак поради голем шумски пожар.

    Викендов голема опасност имаше и во Албанија, кога жителите се евакуираа од своите домови во Круја, додека пожарникарските екипи се бореа да спречат голем шумски пожар да стигне до градот. Повеќе од 200 лица и десетици возила беа распоредени за да го стават пожарот под контрола.

    Пожарникари и припадници на шпанската Воена единица за итни случаи се борат со голем шумски пожар во регионот Кастелон, во источна Шпанија. Поради пожарот, од градот Кати превентивно се евакуирани околу 700 жители.

    Пожарот избувнал во петокот во близина на Тириго и досега опожарил најмалку 684 хектари. Властите велат дека нема повредени или загинати.

    Сушата го пустоши и италијанскиот оризов појас, бидејќи резервите на вода достигнаа рекордно ниско ниво.

    Според најновата неделна проценка на сателитската служба за мониторинг на ЕУ „Коперник“, во Европа во 2026 година досега изгореле 502.329 хектари шума. Топлотниот бран продолжува и оваа недела.

    Прочитај повеќе

    Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден

    11.09.2026 во 21:43

    Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм

    11.09.2026 во 20:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.